463
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во емисијата „Патот кон“ на Алсат прашан дали новото име „Северна Македонија“ го одразува и идентитетот на Албанците, лидерот на ДУИ одговори:
-Ние бевме дел од решението, бевме дел од процесот. Не случајно реков дека во последните 10 години интензивно имавме директни контакти.
Тој додаде дека тој и неговата партија биле дел од преговорите за името и при давањето предлог за ново име и рече дека Албанците никогаш не биле проблем за Македонија при спорот за името.