По повод 30 годишнината од независноста на Република Северна Македонија, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети им честита на сите граѓани на нашата земја, се наведува во соопштението на ДУИ.
-30 години подоцна продолжуваме да ја градиме Република Северна
Македонија, како меѓународно призната земја, со европска перспектива, со многу пријатели со кои соработуваме со цел да обезбедиме одржлива и уште подобра иднина за сите граѓани.
Над темелите на референдумот, Изјавата на независноста и Охридскиот
договор, но и оној од Преспа и добрососедството, ние го избравме
дијалогот, еднаквоста и соживотот, но и пријателство со соседите и го
одредивме нашиот пат кон НАТО и Европската унија.
Денес ние сме полноправна членка на НАТО и со зелено светло за членство во ЕУ.
Реформите во согласност со очекувањата на нашите партнери во Брисел и
Вашингтон не треба да запрат заедно со напорите за зголемување на
квалитетот на животот на нашите граѓани, порачува Ахмети.