Ахмети: Неселективна правда може да се постигне преку ветинг

by Фокус

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, на средбата со новиот амбасадор на Холандија Дирк Јан Коп, ја истакнал посветеноста на ДУИ за постигнување функционална и доверлива неселективна правда која, како што рекол тој, ќе се постигне преку спроведување на ветинг.

Од ДУИ соопштија дека во врска со одлуката на Советот на ЕУ кон средината на овој месец, Ахмети рекол дека очекува Северна Македонија и Албанија, со поддршка на Холандија, да добијат датум за започнување на преговори за членство во ЕУ.

„Ова ќе придонесе за подлабоко реформирање на нашите земји во согласност со очекувањата од Брисел, но и ќе го стабилизира нашиот регион“, истакнал лидерот на ДУИ пред Јан Коп.

Поврзани новости