Ахмети: Не знам колку е цената на зејтинот, тоа го брка жена ми

by fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното гостување на ТВ 21 не сакаше да одговори колку пари направил во изминативе 20 години. Го повика водителот да дојде кај него дома и да разговара со неговата сопруга, бидејќи таа водела грижа за финансиите.

-Јас не знам ни која е цената на зејтинот, на брашното… Тоа го средува жена ми. Јас мојата заработка и се што поседувам пријавувам во институциите. Што имам, тоа што ми оставил татко ми. Една куќа само направив во 2002/3 година, тогаш уште не бев корумпиран, рече низ смеа Ахмети.

Тој ги повика медиумите дека треба повеќе да се борат против коруццијата и да истражуваат кој станал милионер и како.

Поврзани новости