826
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за ТВ21 изјави дека предлог-составот на министрите на ДУИ останува ист и непроменет.
-Нема нови имиња од нашата партија – рече Ахмети, откако неколку пратеници и претседатели на ограноци се спротивставија на номинацијата на Артан Груби и Бујар Османи за членови на владата.
Инаку, мандатарот Зоран Заев изјави дека предлог-програмата и составот на нова влада ќе ги поднесе до Собранието откако тоа ќе избере потпретседатели, а спикерот Талат Џафери закажа седница за утре во 11 часот.