Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, во текот на собирот со дијаспората изјавил дека бегањето на Ахмети од дебата, е недостиг на почит кон албанските гласачи, објави ТВ 21.
„Еден претседател на партија кој бега од дебата со неговиот противник, покажува недостиг на почит кон сите гласачи од кои добил глас. Недостаток на подготвеност на Ахмети да излезе спроти мене на дебата, е недостиг на почит кон секој Албанец, посебно кон неговите гласачи. На крајот, демократијата има и споредба, а каде има подобра споредба од тоа кога ги гледаш двајца претседатели на партии кои излегуваат заедно на дебата и се соочуваат со аргументи и против аргументи“, истакна Зијадин Села.
Но, Али Ахмети, претходно изјави дека Села не е лидер на опозицијата и дека би излегол на дебата само со најсилниот. Прашан, дали би излегол на дебата со Касами, тој одговори дека треба да се размисли бидејќи бил во ДУИ.