554
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети посочи дека НАТО е клучен фактор за стабилност на земјата.
„Во овој период на неизвесност и геополитички тензии и геостратешки препојавувања, НАТО е клучен фактор за стабилност на земјата.
Нашето членство во НАТО е гаранција за суверенитет, безбедност и стабилност“, вели Ахмети.
Тој додава дека влегувањето во НАТО е најголемиот придонес што можевме да го дадеме за мирот и просперитетот.
„Ние веќе не сме на дневен ред, но учествуваме во креирањето на агендата, одлучуваме за сите прашања заедно со сојузниците од НАТО. Нашите далекувидни политики се покажуваат како исправни. Како што рековме, така беше“, порача Ахмети.