625
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг истакна дека НАТО има одлучувачка улога во земјата и регионот и ќе ја спаси Македонија од бездната, придонесувајќи кон мирот, безбедноста и стабилноста, но и реформмите и демократските институции.
– Нашата слобода не е целосна без НАТО. Јас им оставам аманет на идните генерации да се благодарни и почитувачи на НАТО, нагласи Ахмети.
Тој, исто така додаде дека ДУИ останува кредибилен партнер на НАТО, САД, ЕУ и дека нивните напори за влез во Северноатлантската алијанса нема да застанат бидејќи ова е нашата национална, стратешка, идеолошка волја.