Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска преку Фејсбук го осуди нападот во Косово, кој го нарече сериозна провокација која може да има регионални последници ако не се управува со ладнокрвност.
-Најостро го осудувам нападот врз косовската полиција и убиството на полицаецот, како и ранувањето на други лица на северот на Косово. Оваа сериозна провокација е намерна со однапред одредена агенда, па затоа треба да се управува со ладнокрвност и мудрост бидејќи последиците може да бидат регионални, односно да се одразат врз мирот и стабилноста во регионот. Овие случувања се неприфатливи и координацијата и соработката со меѓународната заедница, гарантирајќи го мирот и независноста на Косово, е неопходна и итна. Потребна е итна акција за гаснење на убиствениот пожар. Изразувам искрено сочувство до семејството на жртвата и брзо закрепнување на повредените, напиша Ахмети.