Лидерот на ДУИ Али Ахмети, најави борба против мајоризацијата, но не кажа кои мерки ќе ги преземат како коалиција „Европски фронт“. Според него неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати да стане дел од владата.
„Го започнуваме нашето патување за спречување на оваа мајоризација што ги оптоварува соживотот и демократијата и ги повикуваме граѓаните да ни се придружат во нашите напори за заштита на гласот, легитимитетот и духот на Охридскиот договор, рече Ахмети
Тој истакна дека во наредните денови целата јавност ќе биде информирана за мерките што ќе ги преземе Европскиот фронт и дека во тек се консултации со сите претседатели на партиите од коалицијата.
Ахмети нагласи дека „Европскиот фронт“ и албанската опозиција во декември 2023 и јануари 2024 година потпишаа договор за да не влегуваат во владата без уставни измени и гаранција за продолжување на европскиот пат.