Ахмети на средба со Гир: Не сме далеку од договорот со Софија

by fokus

Политичките случувања во земјата и регионот, тековните процеси што се случуваат во нашата земја, структурните реформи, како и напредокот кон отворање на преговорите за членство во Европската Унија, биле темите за кои разговарале на денешната работна средба во седиштето на ДУИ во Тетово претседателот на партијата Али Ахмети и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.

Ахмети, како што соопштија од ДУИ, говорел и за спорот со Бугарија, за договорот за добрососедство и спроведувањето на обврските што стојат како пречка на нашиот пат кон ЕУ.

– Ахмети оцени дека не сме далеку од договорот со Софија и дека страните ќе ги почитуваат преземените обврски, треба да се пристапи кон разликите и да се надминат што е можно побрзо за да започнат преговорите за членство во Европската Унија, стои во соопштението од ДУИ.

Поврзани новости