108
Во зградата на општина Гостивар попладнево се одржала средба меѓу лидерот на Алијанса за Албанците и гостиварски градоначалник, Арбен Таравари и претседателот на ДУИ – Али Ахмети.
Според информациите, двајцата лидери на партии разговарале за можната коалиција на двете албански политички партии кои се дел од Владата на претстојните парламентарни избори.
Али Ахмети за тв21 по средбата изјавил дека сите опции се отворени.
„Разговаравме, опциите се отворени, беше многу пријателски разговор, повторно ќе се сретнеме. Ќе видиме, ќе разговараме за опциите, визијата, настаните. Во рамките на оценките што ќе ги дадат раководните органи во нашите партии, ќе донесеме одлука како и за која опција ќе се одредиме“ – порача Ахмети.