Ахмети: На Албанците во Македонија не им требаат многу партии, Курти да каже дали ќе учествува на изборите во земјава

by Fokus

Али Ахмети – лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека Албин Курти треба отворено да каже дали неговата партија Самоопределување ќе учествува на изборите во Македонија.

Ахмети во интервју за „РТК“ дал свој коментар за средбата на косовскиот премиер Курти со лидерите на опозициските албански партии од земјава. Тој потсетил дека она што го пренесе претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, дека Самоопределување ќе соработува со здружената албанска опозиција, не одговара на она што Курти неодамна го кажа во Скопје, дека неговото движење нема да учествува на изборите во земјава.

„Ако има стратегија за камуфлирање на работите, тоа не е добро. Да ги кажеме работите отворено, ништо не не спречува. Курти во Скопје кажа дека нема да учествува на изборите и дека не е регистриран како политичка партија. Во моментов, ако го погледнеме истражувањето, ДУИ е победник на тие избори и пред да се одржат, а тоа го знаат и македонските и албанските политички партии, како и македонската албанска опозиција“, вели Ахмети.

Порачал дека на Албанците во Македонија не им требаат многу партии.

Поврзани новости