858
Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, на фејсбук објави дека партискиот лидер Али Ахмети станал кум на неговиот син на неговиот втор роднден.
„Денес Епир наполни две години и моето семејство е почестено што токму на неговиот втор роденден една од нај ценетите личности, Али Ахмети, стана негов кум“, напиша Груби.
Тој порано работеше за холандската амбасада и делуваше во граѓанскиот сектор, но пред неколку години и официјално премина во ДУИ, откога е шеф на кабинет на Ахмети.