51
Не сакам да ги омаловажувам албанските противници кои се обединија и велат дека се опозиција, но сите тие се на власт 20 години, тие не се опозиција, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во Боговиње.
На носителот на листата од „Вреди“ во шестата изборна единица, Билал Касами, Ахмети посочил дека и претходно го предупредил дека на 8 мај треба да го фрли белиот пешкир во рингот, за како што рече, да не добие класичен нокаут.
Касами досега неколку пати изјави дека нивната програма ќе биде победничка и дека по парламентарните избори ќе бидат дел од владината коалиција.