Ахмети му одговори на Мицкоски: Како што побаравте, нека одлучат граѓаните за која опција се, по година и пол ваше владеење

by Fokus

Претседателот на Демократската унија за интеграција преку објава на Фејсбук му одговори на премиерот Христијан Мицковски за денешната изјава околу неговото барање за заеднички парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.

„Демократската унија за интеграција ја доби апсолутната поддршка од граѓаните во сите изборни процеси од 2002 до 2024 година.

Како резултат на изборните победи низ годините, бевме во владини коалиции заедно со СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, но и со Алијансата за Албанците, Беса, Алтернатива, ДПА, додека другите експоненти беа дел од нашата одговорност во овие 22 години, во нашите заеднички коалиции.

Заедно ги делевме обврските, сработеното и нестореното.

Ние не сме ги смениле ставовите, туку сите други ги смениле позициите во зависност од околностите, дали се со нас во коалицијата или не.

Затоа, не бараме учество во Владата за да избегаме од било каква измислена одговорност во континуитет во овие 22 години, која одговорност секогаш се споделувала со вас, туку да го почитуваме гласот на сувереното, да се престане со понижувањето на Албанците, да ја интегрираме земјата во Европската унија, за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, за целосен ветинг на политичарите, судиите, обвинителите, олигарсите, процесот на приватизација, како и меѓународно мониторирана неселективна правда.

Ние сме подготвени, како што побаравте од говорницата на Собранието, граѓаните да го кажат својот збор за сите овие прашања и да утврдат по една и пол година од вашата влада ЗА кој пат се!“ пишува Ахмети на ФБ.

Поврзани новости