Ахмети: Лажна вест е дека наши пратеници ќе преминат во новото мнозинство

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска одговорајќи на новинарско прашање, кажа дека лажна е веста дека пратеници на ДУИ ќе преминат во новото парламентарно мнозинство.

Тој пред почетокот на Генералниот совет на ДУИ додаде дека не се загрижени за состојбата со опозицијата, а ДУИ секогаш ги ставала државните интереси пред партиските.

-Ова е средба на највисокиот орган на ДУИ за да се согледа и анализира состојбата бидејќи сакаме да ги ставиме државните интереси пред партиските за да се оствари датумот со ЕУ и решавањето на проблемот со Бугарија, но и за државата да функционира нормално, рече Ахмети.

Поврзани новости