472
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети се огласи на својот фејсбук профил тврдејќи дека интересите на државата се најбитни и дека кризата мора да заврши.
– Јасно му кажав на еврокомесарот Јоханес Хан на нашата средба во Скопје дека се најважни интересите на државата и дека кризата мора веднаш да заврши, затоа што граѓаните и државата не може да останат заложници на тесни интереси на група или партија, туку напротив, пред се, мора да бидат државните интереси -напиша лидерот на ДУИ.
Тој нагласи дека вниманието на Брисел и на Вашингтон е насочено кон Скопје.