81
Во гостување на ТВ Клан Албанија, лидерот на ДУИ, Али Ахмети се пофали дека Талат Џафери на крајот на јануари ќе стане првиот премиер Албанец во Македонија.
На прашање од новинарот дали тоа е командантот во УЧК, Талат Џафер, Ахмети одговори: „Да, командант Џафери“.
-ОВК во 2001 година потпиша договор со НАТО за демобилизација. Униформата на ОВК останува споменик на историската меморија, неа ја има секој војник, со моќна гаранција дека нема да биде злоупотребена – рече лидерот на ДУИ.