69
На 8 мај ќе треба да направите избор меѓу тие што прават историја или тие што не знаат два чекори напред да направат, порача синоќа од митингот на Европскиот фронт одржан на плоштадот во Тетово, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
-Никогаш не сум излегол да кажам тоа што не можам да го направам, сме дале ветување дека оваа земја треба да биде полноправен член, оваа земја треба да има мир, треба да биде членка на ЕУ со поддршка на САД, исто како што влеговме во НАТО. Друга алтернатива нема. Залудни се силите што сакаат да не спречат. На 8 мај ќе треба да направите избор меѓу тие што прават историја или тие што не знаат два чекори напред да направат, рече Ахмети.