Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, порача дека ќе делуваат смирено и рационално, откако опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ААА и Левица, заедно со владејачката БЕСА, објави дека имаат ново парламентарно мнозинство.
„Ситуацијата креирана по оставката на премиерот ја менаџираме преку интензивни контакти со сите партии, освен оние кои ги негираат Охридскиот и Преспанскиот договор, добрососедството, НАТО, Република Косово и Албанците. Исто така, за актуелните случувања јас сум во контакт и координација со нашите стратешки партнери, Соединетите Американски Држави, НАТО и Европската унија. Ќе делуваме без емоции, но и без еуфорија“, напиша Ахмети на Фејсбук.
Тој додаде дека добил многу повици и поддршка од сите страни, најавувајќи дека за сите случувања дополнително ќе ја извести јавноста.