-Олеснувачи и гаранти на овој договор се Европската унија и САД и ќе биде срамно ако се направи чекор назад. Јас сум оптимист дека овој договор ќе се имплементира. Нема да биде лесно, ќе има дебати, преговори, ќе има лутење, ќе има замерување, но овој договор треба да се спроведува, изјави денеска претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Тој додаде дека договорот кои го постигнаа четворицата лидери е и историски, зашто за земјата се отварало ново поглавје за регулирање на многу прашања за кои и порано се барале решение, но имало двоумења од едната или другата страна.
-Да речеме, многу е поволно и демократски за нашата земја што три месеци пред изборите, премиерот кој е и лидер на партија, да даде оставка и да се кандидира рамноправно помеѓу рамноправните. Ова се предвидува во договорот што ние го потпишавме, рече Али Ахмети.