Ахмети: Јас не сум од кампот на скептичните за датум за преговори со ЕУ

by Fokus

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети се надева дека во јуни Северна Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ. Одговорајќи на новинарско прашање кој е планот Б ако не се добие датум во јуни, Ахмети денеска изјави дека тој не е од кампот на скептичните и оти се надева дека ова прашања ќе добие позитивен епилог.

– Има доволно активности, како од нашите пријатели од меѓународната заедница, но исто така мостовите на комуникација меѓу двете држави се функционални. Очекувам епилогот да биде позитивен, изјави Ахмети, при учеството на промоцијата на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“  во Општина Чаир. 

Поврзани новости