642
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска пред состанокот на Генералниот совет на партијата ја осуди изјавата на членката на ДУИ, Шкодране Дардишта кој рече дека тие уште ги чуваат чизмите и дека изникнале од војна.
-ДУИ во каузата ја има слободата и таквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата, рече Ахмети пред состанкот на Генералниот совет на партијата во Тетово.
Вчера Дардишта порача да не се игра со оган, откако опозициските партии заедно со Движењето БЕСА најавија ново парламентарно мнозинство.
-Се уште ги имаме чизмите на таван во старата куќа, за час ги вадиме белите патики. Ние не сме сираци, ние сме никнале после војна. Не играјте со оган, затоа што на крај сами ќе изгорите во него, напиша таа на Фејсбук.