Партнерството меѓу ДУИ и СДСМ функционира без проблеми, оцени лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, одговарајќи на новинарско прашање каква е состојбата во владината коалиција.
Според Ахмети, има и разлики и предрасуди од, како што рече, некој член на нивната партија, но тоа не го загрозува партнерството.
– Секако дека имаме и разлики. Секако дека има и предрасуди од некој член на нашата организација, но тоа не значи дека го загрозува партнерството и дека ќе се создаде некое незадоволство се до непочитување на партнерството. Нема никакви проблеми кои би не загрозувале нас, коалициските партнери, рече Ахмети, кој присуствуваше на приемот за 18 годишнината од Рамковниот договор, што се одржа вечерва во Клубот на пратениците.