По дебаклот кој го доживеа партијата на Али Ахмети на последните парламентарни избори, во кои освои двојно помалку гласови во споредба со претходните, ДУИ почна да им се радува на анкетите.
Од ДУИ со соопштение до јавноста им се заблагодаруваат на граѓаните за искажаната доверба во последните анкети на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) како и МЦМС и Телма, каде рејтингот на партијата бележи зголемување.
Според овие истражувања, во албанскиот политички блок, граѓаните ДУИ ја оценуваат како првата партија и без конкуренција на сите нивоа, велат од таму.
„Ја изразуваме нашата благодарност до сите граѓани за нивната доверба дадена низ годините, која за нас претставува потврда за сработеното и поттик за да продолжиме понатаму, со уште поголем интензитет, со нашите политички и програмски поставувања. Довербата на граѓаните нè обврзува да работиме уште повеќе. Довербата и поддршката за Демократската Унија за Интеграција е најдобриот индикатор, кого албанците го сметаат како автентичен претставник на нивните интереси“, велат од партијата.