Ахмети: И Заев викаше ДУИ во опозиција, ама ДУИ не ги изгуби изборите, 50% повеќе мандати освои

by Fokus

„Стравот што им се наметнува на Македонците дека со уставните измени ќе го изгубат идентитетот или државата, се прави со цел за дневни политики од опозициските партии за да ја одведат земјава на предвремени избори, но предвремените избори не се решение за проблемот“ изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за РТК.

Според него, опозицијата не нуди никакво решение дури и да се оди на избори.

„Која е понудата на опозициските партии? Што ќе прават по изборите? Ако организираме избори, да земеме во септември или октомври да одиме на предвремени избори. Кои се нивните гаранции? Каква понуда имаат за граѓаните? Дали го знаат значењето дека без уставните измени не може да се одржи втората меѓувладина седница меѓу владата на РСМ и ЕУ, прашањата се условени, која е нивната понуда ако одиме на избори. Што ќе прават по изборите?“ – вели Ахмети.

Тој рече дека албанската опозиција е толку мала што ни на сон не можат да ги победат!

„Опозицијата секојдневно може да бара избори, опозицијата секојдневно може да кажува дека ќе добие на избори, но тоа останува само сон. Времето ќе покаже дека е само сон и дека се толку мали и минорни што тоа нема да биде ни на сон. За да ја однесат ДУИ во опозиција, цела кампања СДСМ на чело со Зоран Заев водеше пред 3 години. Дури и ги научија албанските пароли “ДУИ во опозиција“, извикуваше Зоран Заев на митинзите, не само што ДУИ не ги изгуби изборите туку 50% повеќе мандати освои отколку претходно“, вели Ахмети.

Поврзани новости