Лидерите на најголемите партии кои ја сочинуваат владината коалиција, Зоран Заев и Али Ахмети денеска ќе се сретнат во Тетово каде партијата ДУИ ќе има низа изборни активности за поддршка на досегашната градоначалничка, Теута Арифи. Заев и Ахмети ќе имаат средба во 18 часот во Тетово, а потоа Ахмети во медицинското училиште ќе се сретне со граѓани за да ја побара нивната доверба на локалните избори.
ДУИ потоа продолжува во Гостивар каде во училиштето Исмаил Ќемали ќе ги повика граѓаните да го поддржат, Невзат Бејта.
„Лидерот Ахмети секој ден се среќава со стотици граѓани во сите општини, каде се натпреварува на 29ти октомври за да ги увери нив дека зад кандидатите на ДУИ и нивните програми стои Али Ахмети, извршната и законодавната власт како гаранција за исполнување на ветувањата“, велат од ДУИ.