363
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети во седиштето на ДУИ во Тетово, го пречека шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадорот Клеменс Која.
-Соговорниците дискутираа за политичката ситуација во земјата, уставните измени, реформите, како и Охридскиот Рамковен Договор. Претседателот Ахмети истакна задоволство поради подршката за уставните измени во Собранието која овозможи имплементација на Договорот од Преспа и доведување на земјата чекор поблиску до НАТО и ЕУ.
Демократската Унија за Интеграција ќе продолжи со напорите за заокружување на интегративниот процес како апсолутен приоритет не само на ДУИ, но и на сите граѓани. Ахмети зборуваше и за неговата и посветеноста на ДУИ за системските реформи и владеење на правото како главни услови од преговорите за членство во Европската Унија, соопштија од ДУИ.
На средбата истотака се дискутирало за спроведувањето на Охридскиот Договор како еден од основните документи на нашата држава.