Местото на пратениците на ДПА е во Собранието и таму може да ја претстават својата загриженост и да понудат решеније за проблемите на граѓаните, ова лидерот на ДУИ, Али Ахмети му го рекол на хрватскиот амбасадор Златко Крамариќ на денешната средба во седиштетот на ДУИ во Тетово.
Пораката доаѓа откако ДПА најави дека може ќе го напушти Собранието по тепачката што се случи минатата недела меѓу пратениците на Мендух Тачи и на Ахмети.
– Во врска со самитот на НАТО во Кардиф,Северноатлантската алијанса ја завршила својата работа уште од 2008 година кога ја покани Македонија да и се придружи на сојузниците, под услов да се реши спорот за името. Сега, останува Скопје и Атина да најдат храброст и заеднички јазик за да се надмине овој проблем во корист на регионот – му рекол Ахмети на амбасадорот.