465
На вонреден состанок на ДУИ, претседателот на партијата Али Ахмети, одлучил да ги разреши сите претседатели на партиските ограноци и подограноци, јавува Алсат.
Според одлуката во партијата, ниту еден од разрешените претседатели нема право повторно да се кандидира на истата позиција.
На местото на разрешените претседатели се назначени координатори за секој огранок до изборот на новите претседатели.