534
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска ги повика македонската и грчката опозиција да се приклучат на завршниот дел од процесот за спроведување на Преспанскиот Договор.
Лидерот на ДУИ истакна дека на 9 јануари започнува градењето на поновата историја, и дека опозициите на двете земји треба да бидат дел од овие одлуки.
-Затоа ја повикуваме опозицијата од двете страни да се приклучат на одлучната игра за финалниот успех. На 9 јануари започнува седницата за градење на поновата историја на ова држава, држава организирана и прифатена во сите структури, НАТО, ЕУ, во пријателски односи и во хармонија со сите земји од регионот, истакна Ахмети.