Претседателот на ДУИ, Али Ахмети реагираше на последните случувања во светот и нападот на САД и Израел врз Иран, велејќи дека нивниот став е јасен и непоколеблив: целосна солидарност со Соединетите Американски Држави и со секој напор за заштита на глобалниот мир, стабилност и безбедност.
„Алијансата со САД не е само дипломатска ориентација. Тоа е стратешка и вредносно заснована определба. Наш избор е да бидеме на страната на демократијата, основните слободи, владеењето на правото и меѓународната одговорност. Нашата земја, а особено албанскиот народ, добро знаат што значи американската поддршка во клучните моменти од нашата историја, поради што дури и денес стоиме покрај нашиот најголем стратешки партнер.
Нападите и дестабилизирачките потези на Иран што ја поткопуваат безбедноста на земјите од Заливот и го загрозуваат кревкиот мир на Блискиот Исток, не му служат на никого. Тие не служат на развојот, не служат на коегзистенцијата, ниту на легитимните аспирации на народите за просперитет. Секој режим што избира конфронтација наместо соработка и извоз на кризи наместо дијалог се става во спротивност со духот на нашето време“, порача Ахмети во објава на социјалните мрежи.