745
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во вечерашното интервју на ТВ 21 рече дека барал и од СЈО и од ОЈО да отворат предмети за него и за ДУИ, но тие едноставно не отворале. Ги повика и медиумите да ги истражуваат функционерите на неговата партија.
-Кај мене не е пријавен ниту еден случај на корупција во кој е вмешан член или функционер на партијата. Јас побарав во Специјалното обвинителство, верувајте, ова е од срце, побарав во Јавното обвинителство, господа, отворете истраги за ДУИ, за функционерите на ДУИ, од централно ниво до локално ниво, почнете од мене. Не сум побарал да се почне од другите, почнете од мене, вели Ахмети.