Ахмети-Генчовска: Секое доцнење е на штета на Бугарите во земјава

by fokus

Секое одложување на решавањето на спорот меѓу Скопје и официјална Софија оди на штета на бугарската заедница во земјава, рекол лидерот на ДУИ, Али Ахмети на средбата со министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

Ахмети ги поканил бугарските власти да ја зголемат меѓусебната доверба и да работат заедно за позитивен епилог на билатералниот спор преку стеснување на просторот за дејствување на агенди во земјата и регионот кои не се совпаѓаат со нашите западни определби.

-Итното затворање на овој спор ќе биде од корист за бугарската заедница во нашата земја, регионот и Европа, но секако без да се загрози националниот и јазичниот идентитет на нашите сограѓани.

Решавањето на спорот меѓу двете земји придонесува за мир, безбедност и стабилност во целиот регион. Граѓаните веќе очекуваат позитивни резултати за изнаоѓање заеднички јазик во решавањето на спорот меѓу двете земји бидејќи Европа не е во целосен мир без Западен Балкан, рекол Ахмети, соопштуваат од партијата.

 

Поврзани новости