761
На утрешните лидерски средби со Зоран Заев и Христијан Мицкоски, лидерот на ДУИ Али Ахмети оди со цврст став за оддржување на парламентарните избори на 12 април, брифираат високи извори од албанската владејачка партија.
-Ние сме уверени во успех на изборите,што не е случај со другите партии.И СДСМ се двоуми поради неизвесен изборен резултат,меѓутоа кај нас преовладува расположението да коалицираме пак со нив дури и да имаат помалку пратеници од ВМРО, пред се поради договорите со Грција и Бугарија- вели висок партиски функционер.
В.С.