Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, апелира до другите инволвирани партии денеска да ги надминат меѓусебните разлики и заеднички да се согласат за законската рамка и името на обвинителот. Ахмети денеска се сретна со директорката за Западен Балкан и проширување во Британското министерство за надворешни работи, Фиона Мекилвам и на британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, со кои се сретнал во седиштето на ДУИ.
-ДУИ е спремна за компромис и ги повикуваме страните исто така да ги усогласат ставовите бидејќи треба да се зачува политичкиот кредибилитет на државата и да се почитуваат договорите потпишани во присуство на високите власти од Брисел и Вашингтон. Спроведувањето на договорот го враќа изгубениот кредибилитет на институциите во земјата, го засилува нашето партнерство со евро-атланската заедница и силно не враќа кон интегративниот пат. Денес е моментотот на одговорноста и за политичкoто делување, се наведува во соопштението од ДУИ.