514
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска им се заблагодари на сите граѓани за поддршката на вчерашните локални избори каде, како што вели, уште еднаш се докажало дека ДУИ е најголемата албанска политичка сила во земјата.
-Заедно остваривме победа и овој пат и јас сум многу благодарен за придонесот на секој од вас за време на кампањата и изборниот процес. ДУИ е ваша, тоа е национален проект каде што сите имаме удел и ви ветувам дека никогаш нема да ве разочарам. Одговорноста што ми ја давате со вашата доверба e благослов и поттик за да се направи уште повеќе, уште подобро. Заедно сме на овој пат, и заедно ќе го направиме секој чекор со сите граѓани. Оваа победа е ваша, на сите граѓани, истакна Ахмети.