706
Лидерот на ДУИ Али Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалниот суд во Хаг.
-Да, вистина е дека сум добил покана од Специјалниот суд во Хаг и ќе одам – изјави Ахмети за ТВ 21, кој, според телевизијата, ќе се појави во својство на сведок.
Инаку, минатата недела во Судот во Хаг беше повикан претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој три дена даваше исказ за неговата улога во војната на Косово.