За имиња се уште не е разговарано, но јас сметам дека Денко Малески е почитуван професор, професор кој ги исполнува сите стандарди, изјави Али Ахмети за ТВ21 на новинарско прашање дали професорот Малески е прифатлив консензуален кандидат за претседател.
Тој додаде дека сепак останува за темава да се разговара со сите политички субјекти и негираше дека размислувал некогаш да се кандидира за претседател.
-Не е скромност да кажам дека никогаш не сум размислувал да бидам претседател на државата. Ако се земе како теза, за претседател на државата во услови во кои јас влегов во политиката, треба да бидеме рационални и транспарентни. Секако дека остануваме на нашите принципиелни ставови дека на оваа земја и треба консензуален претседател – изјави Али Ахмети за ТВ21.