83
Лидерот на ДУИ – Али Ахмети денеска во 13 часот од седиштето во Мала Речица ќе ги каже идните чекори на Европскиот фронт откако вчера се конституираше новиот собраниски состав.
Прес-конференцијата на Ахмети доаѓа во пресрет на објавата на договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ за формирање на новата македонска влада.
Ахмети денеска ќе биде придружуван партнерите од Европскиот Фронт.
Тој вчера на конститутивната седница одби да коментира за позициите на Европскиот фронт откако останаа во опозиција.
Пратениците од Европскиот фронт не гласаа за верификацијата на мандатите и ја напуштија салата пред изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието.