479
Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети на свечената седница за ратификацијата на Предлогот на закон за ратификација на Северноатлантскиот договор испрати голема благодарност за сите поддржувачи на Македонија во изминатиот период кон евроатланскиот пат.
„Ние секогаш сме биле согласни за две прашања и не сме имале разлики, за членството во НАТО и ЕУ. Тоа не држело заедно сите нас. Честитки на сите граѓани на Република Северна Македонија за ова големо достигнување, за голем придонес што го дадоа сите кои го сакаат доброто на оваа држава“, истакна Ахмети.