766
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во вечерашното интервју за емисијата “200” на ТВ Алсат, посочи дека би сакал да продолжи соработката со СДСМ.
-Сега, јас не сакам да прејудицирам, по моето мислење и процена, би било од полза да продолжиме истите партнери, затоа што има прашања кои сме ги започнале – рече Ахмети.
Сепак, одговарајќи на дополнително прашање дали тоа значи оти го преферира СДСМ, тој кратко одговори дека „одлучуваат граѓаните“.