За ДУИ е многу важно договорот од Пржино целосно да се спроведе и без понатамошно одложување треба да биде комплетиран тимот на специјалниот јавен обвинител и да се достават останатите закони во Собранието, изјавил лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со заменик американскиот амбасадор во Република Македонија, Барт Путни.
Како што соопштија од ДУИ, на средбата се разговарало за отворените прашања од договорот од Пржино, преговорите на работните групи, како и околу чекорите кои ДУИ планира да ги заземе во зависност од напредокот во спроведувањето на договорот.
-ДУИ како дел од сите случувања во врска со Договорот од Пржино, ги разгледува и испитува сите можни опции за надминување на оваа тешка криза. Истовремено, Евроатлантската иднина се држи во заложништво од страна на неподготвеноста за компромис и ова ќе влијае многу и во меѓуетничките односи и општата состојба во земјата, стои во соопштението на ДУИ.