Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средба со симпатизерите на Чаир го повика ВЛЕН да ја напушти владата, ветувајќи дека тие самите нема да станат дел од неа.
-Како воопшто можеа да помислат да го отстранат албанскиот јазик испран со крв? Срамота. Или да ја отстранат правичната застапеност… Затоа нашите што се таму нека ги напуштат овие институции. Нема да одиме, не прифаќаме. Ние прифаќаме само вонредни избори во октомври, заедно со локални избори – рече Ахмети.
ВЛЕН, пак, се сомнева дека ДУИ подготвува терен за бојкот на локалните избори во октомври. Според лидерот на Беса, Билал Касами, неодамнешните повици на Ахмети за ВЛЕН да поднесе оставка од владата се со цел да се создаде алиби за бојкот.
-Нашите информации се дека се водат сериозни дискусии за неучество на локалните избори и ова го гледаме само како потег на г. Ахмети да создаде алиби за неучество на изборите. Врз основа на случајот со Тетово и многу други општини, тие имаат проблем да најдат кандидати за да излезат на избори и да се натпреваруваат. Така е во Струга, Кичево, Гостивар и Чаир.
Затоа што за нивна несреќа главниот човек кој денеска ја организираше целата нивна изборна кампања е во бегство за се што му се случи и не случајно имаат нелогично и неприфатливо барање заедно со локалните да се одржат и парламентарни избори и знаат дека ова барање нема да биде прифатено – рече Касами.