Ахмети апелира: Добивам кобни вести од најблискиот круг, вакцинирајте се!

by Fokus

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети преку објава на својата официјална Фејсбук страница, упати апел до сите граѓани за максимална вакцинација и во исто време изрази искрено сочувство до семејствата на починатите од КОВИД19.

Почитувани, јас, заедно со моето семејство, сме вакцинирани од мај месец, како еден единствен начин за справување со смртоносниот вирус COVID19. Во текот на оваа година и половина, многумина од нас ги загубија своите сакани. Секојдневно добиваме кобни вести од најблискиот круг, синоќа починаа, братот на мојот пријател Бекир Асани заедно со неговата 33-годишна ќерка и братот на мојот пријател Невзат исто така. Изразувам најдлабоко сочувство до сите членови на семејствата кои ги загубија животите од овој подмолен вирус и апелирам за масовна вакцинација и почитување на мерките, дистанца, маска, хигиена. Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се!, напиша Ахмети на социјалните мрежи.

Поврзани новости