Ахмети: Aко се утврди вина, Груби сам ќе се повлече од функциите во партијата

by Fokus

„Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со факти. Ова право господин Груби го има во одлуката на Стејт департментот и тој сигурно нема да му наштети ниту на неговиот политички субјект (ДУИ), ниту на неговото семејство, до моментот кога овој процес ќе добие финална разврска“.

Ова денеска го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на новинарско прашање дали доколку му се утврди вина, Груби ќе биде отстранет од партијата.

Тој рече дека Груби е совесен и одговорен и дека нема потреба партијата да го отстрани, туку дека тој сам ќе се повлече од сите партиски функции.

– Господинот Груби е член на ДУИ, личност која четири години ја водела Владата на Република Северна Македонија. Секој член на ДУИ има обврска, без разлика на која функција се наоѓа, на повисоките или пониските нивоа да ги спроведе платформата и избирачката програма на ДУИ – рече Ахмети.

Поврзани новости