475
Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во интервју за „Јуропеан вестерн балканс“, вели дека ЕУ ги цени напорите на македонскиот премиер Зоран Заев и неговата влада да допре до нивните колеги во Грција и Бугарија.
– Важно е да се пронајде заедничко решение за спорот околу името и патот кој ќе води напред. ЕУ е подготвена да го помогне овој процес кој се води во Обединети нации и да ги олесни контактите ако е потребно. Сега новата влада, заедно со опозицијата, мора да се фокусира на примена на Итните реформски приоритети и Договорот од Пржино, за да се врати земјата назад на нејзиниот евроатлански пат – вели Хан.