796
Аргентинскиот напаѓач, Серхио Кун Агуеро дефинитивно става крај на својата активна професионална играчка кариера.
Оваа одлука тој ја соопшти на официјална прес-конференција, откако беше откриено дека има проблеми со срцето.
„Оваа пресконференција е да ви соопштам дека одлучив да прекинам да играм фудбал. Одлучив да прекинам со професионалното играње фудбал, ова е многу тежок момент. Оваа одлука ја донесов поради моето здравје поради проблемите кои ги имав пред месец и половина. Бев во добри раце на лекарите, направија што можеа, ми кажаа дека е најдобро да престанам да играм“, рече Агуеро.