Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, веројатно сега се кае за храбрата прогноза што ја даде во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу неговиот поранешен тим и Реал Мадрид!
Аргентинецот, кој играше за Сити од 2011 до 2021 година, ги поддржа „граѓаните“ велејќи дека ќе си ги „отсече тестисите“ доколку победи шпанскиот клуб на вчерашниот меч.
– Реал Мадрид не може да го победи Манчестер Сити. Ако победи Сити, ќе си ги отсечам тестисите! – рече Аргентинецот.
И сè беше добро и за него и за „Граѓаните“. Водеа со 1:0 и 2:1, за Реал во последните неколку минути да го промени резултатот.
Најпрво преку Брахим Дијаз израмнија во 86. минута на 2:2, а Џуд Белингем во 92. минута ги постави конечните 3:2 за „кралскиот клуб“ среде Манчестер.